Оружен напаѓач во Дрезден пукал во радио-станица, па земал заложници

by Fokus

Полициски сили интервенираа утрово во центарот на Дрезден, главниот град на германската сојузна покраина Саксонија, поради „сомнеж за земање заложници“, соопшти локалната полиција.

Неколку медиуми, меѓу кои и „Билд“, објавија дека маж вооружен со пиштол се засолнил во продавница во трговски центар, откако пукал во просториите на радио-станица во градот.

Наводно, 40-годишниот напаѓач убил жена пред да се засолни во трговски центар, додава „Билд“, без да ја прецизира локацијата на убиството.

– Полицијата спроведува акција во центарот на градот. Постои сомнеж за земање заложници – наведуваат од полицијата и додаваат дека трговскиот центар и божиќниот пазар во близина се затворени.

Поврзани новости