Оружен напад во Будва, две лица се повредени

by Fokus

Две лица се повредени во оружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот.

Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Веднаш по инцидентот, кој се случил два часа по полноќ, полицијата го блокирала градот.

Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторан во Будва откако непознато лице, кое носело силиконска маска, отворило оган од засега непознати причини.

Истрагата е во тек.

Поврзани новости