Орце Коцев од Муртино освои милионер џек пот вреден 1.575.060

by Fokus

52 Милионер на Државна Видео Лотарија е Орце Коцев од струмичко Муртино. Тој на видео лотариските терминали од Државна Видео Лотарија, во Спорт Лаиф Трејд  на 16 јули, освои фантастични 1.575.060 денари. 

Во присуство на членовите на семејството Коцев, тимот на Државна Видео Лотарија му го додели МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чекот  кој гласи на добитниот износ од 1.575.060 денари.  Орце кој е уште под импресии од убавата добивка, како и целото негово семејство, со нас ја сподели својата среќна приказна.

Тој е редовен играч на видео лотариските терминали. Досега веќе се израдувал на неколку помали добивки. Најпосакуваната го изненадила многу. Уште веднаш кога ја освоил МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, се упатил кон својот дом, за да им ја пренесе убавата вест. Семејството на Орце се занимава со земјоделие, па на парите од добивката, посебно им се радуваат. Дел од нив ќе ги инвестираат во  земјоделските површини, а со останатиот дел ќе си дозволат малку да уживаат. Орце вели дека добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е само мотив повеќе, за да ја повтори барем уште еднаш.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 52 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 77.642.551  денари. Покрај нив, освоени се и 7034 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 52.820.805 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Под мотото Играј за забава, Државна Видео лотарија во јуни го започна промотивниот караванот низ Македонија. Досега се реализирани 60 промотивни настани со ваучери и  многу подароци кај нашите деловни соработници, како и 20 едукативни промоции со цел да ги поттикнеме играчите на одговорно играње. Во текот на ова лето, секој викенд се забавуваме со игрите на вода низ Македонија, подготвувајќи интересни подароци додека адреналинот од забавата расте. Викендов, сабота 22 и недела 23 јули,  ве каниме на забава со многу подароци на плажата Градиште во Охрид.

 

 

 

Поврзани новости