Орка Холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев од декември е сопственик на речиси третина од компанијата „Дивелоп груп“, која меѓу другото управува и со луксузниот хотел „Мериот“ на скопскиот плоштад, дознава БИРН, а потврдуваат и од „Орка холдинг“.
Сега Камчев е во партнерство со човекот кој претходно ја поседуваше целата компанија, 49-годишниот скопјанец Александар Ивановски познат како Алек Теранова.
Документите од Централниот регистар откриваат и дека, освен Камчев, планирано било во сопствеништвото на оваа компанија да влезе и контроверзната фирма „Ексико“.
Орце Камчев според „Форбс“ е најбогатиот Македонец и неговите бизнис потфати често беа под опсервација на јавноста и на медиумите поради блиското пријателство со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.