Познатиот бизнисмен Орце Камчев, кој веќе трети месец е во притвор во Шутка денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, Камчев пред неколку часа се пожалил на болки во градите при што итно е префрлен на клиниката.
Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му го продолжи притворот на осомничениот бизнисмен, Јордан Камчев за нови 30 дена за случајот „Плацеви на Водно”, предмет за којшто беше поднесено обвинение.
Бизнисменот веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Претходно, нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.
Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.
Ирена Мулачка