Бизнисменот Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, директорот на Пелистерка, Цветан Панделески, Тодор Мирчевски и Зорица Арсова остануваат во притвор, откако денеска Кривичниот суд им ги одби поднесените жалби.
„Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“, советот одржа јавна седница по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка – се наведува во соопштението од Кривичниот суд.