Орце Георгиевски е нов претседател на ЗЕЛС

by Fokus

На денешната седница на ЗЕЛС, по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложено е нејзино разрешување, а предлог за нов претседател е градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.

Мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС ги усвои предлозите.

„Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор.

Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС. На оваа седница, Управниот одбор донесе заклучок за упатување на итно барање до Владата на РСМ за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза“, се вели во соопштението од ЗЕЛС.

 

Поврзани новости