Ориѓански: Рита Ора, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас!

by Fokus

Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.

Според него, треба да се вложува во нешто што ќе роди светска вредност, во некаква светска серија, филм, музика.

„Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости