493
Орхан Куртиши е назначен за нов генерален директор на АД Пошта. Toj на раководната позиција доаѓа на местото на Идри Истрефи.
Куртиши на директорското место во Пошта доаѓа како шеф на огранокот на партијата Алтернатива во Куманово.
„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата ВЛЕН“ – објави Куртиши.
Негов заменик ќе биде Николчо Угринов од Струмица, а за останати членови на Управниот одбор се назначени Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.