Организираниот криминал ги користи пипците и ги уредува политичките односи во Црна Гора, порача Абазовиќ

by fokus

Довчерашниот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ во првата изјава по изгласувањето недоверба на неговата влада во парламентот рече дека работите сега се многу појасни и упати честитки за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ“.

– Подготвени сме да извршиме примопредавање. Ова е најинклузивната Влада што некогаш постоела, без реваншистички однос кон никого. Би сакал секоја наредна да биде таква, рече синоќа Абазовиќ на прес-конференција во Парламентот на Црна Гора.

Тој рече дека жали што организираниот криминал продолжува да ги користи пипците за да ги уредува политичките односи.

– Со оваа држава или ќе владеат криминалци или граѓани. Ние сме на страната на граѓаните. Жал ми е што организираниот криминал во Црна Гора и понатаму ги користи пипците за да ги уредува политичките односи. Горд сум на сето она што го направивме за 100 дена. Ќе останеме запаметени како влада која траеше најкратко. Ќе направиме се за владата што ќе се формира по изборите да ја води Црна Гора во ЕУ, рече Абазовиќ. пренесува РТЦГ.

Тој рече дека УРА нема да учествува во Влада доколку се формира пред нови избори.

Поврзани новости