Организирал игри на среќа „Кено“ без лиценца

by Fokus

Гостиварец во угостителски објект приредувал игри на среќа „Кено“, а немал лиценца за такво нешто. МВР истакна дека работи на расчистување на случајот.

„На 08.02.2019 година околу 21,45 часот од страна на полициски службеници извршена била контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, сопственост на В.Џ.(57), при што била пронајдена опрема за организирање игри на среќа „Кено“ за која сопственикот не поседувал документи, односно приредувал игри без лиценца. Пронајдената опрема била фотодокументирана и одземана за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости