Организаторите на спорниот камп: Немаше блуд или сексуално вознемирување, игрите погрешно се протолкувани

by fokus

Нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани, велат од Првиот скопски извиднички одред.

Токму овој одред е организатор на спорниот настан за којшто во јавноста излезе сведоштво од родител на девојче кое учествувало на овогодинешниот камп, според кое имало активности во кои децата си боеле интимни делови од телото и ги пресликувале на хамер, симулирарале секс пози во двор на манастир, симулирале секс со краставица и кукла на надувување.

Во соопштението организаторите тврдат дека овој настан се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а во нив имале учествувано повеќе од 500 млади.

Извидништвото, според нив, подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на сексуалното образование без предрасуди и табуа.

-Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани. ПСИО останува отворен за комуникација кон сите страни засегнати во случајот и ги мотивираме сите учесници кои се почуствувале непријатно на настанот или небезбедно од било каква природа да пристапат кон раководството на одредот, се вели во дел од соопштението.

Поврзани новости