Сашо Ордановски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека дилемата по донесувањето на Законот за јазиците е дали Македонија ќе се движи кон етничка или граѓанска држава.
-Мислам дека судирот во овој Закон во суштина на својата база го има тој спор. Тој спор е визијата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на другата страна. Можеби од целава работа е најважно што и ВМРО-ДПМНЕ се сложи дека има потреба од Закон за јазици. Тие со ова се согласија, а читаме дека тие и го изработиле Законот за јазици заедно со ДУИ. Ние се движиме кон еден мачен демократски модел мултиетнички, кој е мачен и може да биде спор, но тој е единствен можен, рече Ордановски.
Тој додаде дека не е спорно дека начинот на кој беше донесен законот не е некој пример за демократијата.
Н-е беше пример за демократија и можеше и поинаку да се изведе. Но, мора да се разбере и некои други работи: секогаш кога се носи некој закон поврзан со Албанците, тоа се доживува како траума, се прават драми дали Македонија ќе продолжи да постои. Македонија ќе го преживее и ова, заклучи Ордановски.