Орбан: Знаеме по чија наредба Киев не го потпиша договорот со Русите во Истанбул!

by Fokus

Будимпешта знае од дипломатски и разузнавачки извори дека Украина, по налог на САД, не го потпишала предлогот за мировен договор во Истанбул во март 2022 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според него, во дипломатскиот свет е добро познато што претходно изјави поранешниот германски канцелар Герхард Шредер за преговорите меѓу Русија и Украина во март 2022 година, иако официјалните германски власти не го потврдија тоа.

„Од различни извештаи и разузнавачки извори знаеме дека во 2022 година, во Истанбул, каде што се водеа затворени преговори, имаше договор, кој, според дипломатските гласини, Украинците не го потпишаа по инструкции на САД“, изјави Орбан за радио „Кошут“.

Претходно Шредер изјави дека Киев е подготвен да се согласи на мировен договор со Русија во март 2022 година, но тоа не се реализира поради притисокот од Вашингтон.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно за „РТ Арабик“ изјави дека Русија има политичка волја и подготвеност за дијалог со Киев, но нема основа за тоа.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени дека преговорите меѓу Москва и Киев не се можни додека руската армија е на територијата на Украина.

Поврзани новости