0
Западните земји треба најсериозно да ја разберат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој зборуваше за украинскиот конфликт и употребата на новата руска балистичка ракета „Орешкин“, изјави денеска за радио „Кошут“ унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер рече и дека јавната комуникација се одвива различно во различни земји, но дека „ако претседателот нешто каже во Русија, тоа не се празни зборови“.
Тој потсети дека Украина е сосед на Унгарија и дека „не е потребна голема фантазија за да се замисли колку брзи и неочекувани можат да бидат последиците од војна во соседна земја“.