397
„Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
„Шокантно е тоа што низ Европа се одржуваат состаноци за сочувство за терористите“, рече Орбан, пренесува Ројтерс.
„Имаше обиди дури и во Унгарија. Но, нема да дозволиме собири на сочувство кои поддржуваат терористички организации бидејќи тоа би значело терористичка закана за унгарските граѓани“, додаде тој.