„Унгарија сака да ја спречи Европа да влезе во војна со Русија“ – изјави денеска премиерот Виктор Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта и порача дека Унгарците нема да гинат за други.
– Имаме огромна задача пред нас, каква што никогаш не сме имале. Мораме да ја спречиме Европа да влезе во војна што ќе доведе до нејзино уништување, рече Орбан.
Унгарскиот премиер оцени дека денеска Европа се подготвува за војна, дека секој ден во Украина се слеваат стотици милијарди евра, нуклеарно оружје се става среде Европа.
– Се чини дека нема сопирачки во провоениот воз, а машиновозачот полудел, рече Орбан.
Тој зборуваше и за тоа како Унгарија сега е посилна од кога било во последните сто години, дека претставува мирен и силен остров во средината на Европа, но дека клучното прашање е дали ќе се откаже од мирот.
– Ние нема да одиме во војна и нема да гинеме за другите на туѓо тло, рече Орбан.