За разлика од многу други земји-членки на Европската унија, Унгарија не прифаќа луѓе кои припаѓаат на странски култури, има семејна политика и е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан, во интервју за ТВ Сервус, зборувајќи за миграцијата, рече дека Унгарија издава работни дозволи за странци, главно од муслимански земји, колку што е потребна работна сила, и дека таквите работници, кога ќе им истече работната дозвола, мора да ја напуштат земјата, објави денеска унгарската агенција МТИ.
„Ние Унгарците веруваме дека илегалната миграција нема да ја подобри ситуацијата, туку само да ја влоши. Никој во Унгарија не сака да влезат илегални мигранти, ние сме на друг пат, ние сме конзервативен остров во овој либерален европски океан“ – рече Орбан.