Орбан: Украина веќе не е суверена земја, нема ни пари, ни оружје

by Fokus

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во Будимпешта во интервју за германски „Ди Велт“ рече дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди тој.

„И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“. – Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа ќе биде одлучувачки фактор на крајот. Затоа „секогаш се залага за мир, мир, мир“. Во спротивно, Украина ќе изгуби огромно богатство и многу животи, и ќе има незамисливо уништување“ – вели Орбан.

Унгарскиот премиер тврди дека му е важно да биде спасена Украина.

Единствена можност за тоа гледа ако „Американците започнат преговори со Русите и да склучат договор за безбедносната архитектура и да најдат место за Украина во таа безбедносна архитектура“.

Орбан, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната.

„Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние, Западот, ги поддржуваме“ смета тој.

Поврзани новости