Украина не може да победи на фронтот без директно учество на силите на НАТО и затоа наместо да ескалира конфликтот, тој треба да се реши по мирен пат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Со оглед на тоа што НАТО не е подготвен да испрати војници, очигледно е дека кутрите Украинци немаат шанси да победат. Мојот став, кој секогаш го сугерирав, е дека наместо уште повеќе да се обидуваме да влеземе во војната, треба да ја запреме ескалацијата и да се залагаме за мировни преговори“, рече Орбан, говорејќи на економски форум во Катар, пренесува Спутник.
Орбан претходно изјави дека европските земји „како месечари на покривот“ постојано балансираат на работ на војна со Русија.
Претходно, унгарската влада исто така постојано објави дека е подготвена да обезбеди посреднички услуги за решавање на конфликтот во Украина и да ја понуди Будимпешта како место за преговори.
Орбан нагласи дека Унгарија ги поддржува сите мировни планови и сродни иницијативи.