Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска твитна порака за поддршка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повикувајќи го да „продолжи да се бори“ откако Трамп беше обвинет за тајни плаќања за време на претседателската кампања во 2016 година.
„Продолжете да се борите, господине претседателе! Ние сме со вас“, напиша Орбан на својот Твитер профил.
Keep on fighting, Mr. President! We are with you, @realDonaldTrump pic.twitter.com/EZFMYHDRzl
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) April 3, 2023
Според АП, Орбан е првиот лидер на европска земја што јавно ја поддржа претседателската кампања на Трамп во 2016 година, а исто така изрази поддршка за неговата кампања за реизбор во 2020 година.
Агенцијата додава дека самиот Орбан е обвинет од критичарите дека „растурил“ многу унгарски демократски институции и дека учествувал во градење мрежа на корупција.
Трамп во минатото го опиша Орбан како „силен лидер“ кој „навистина ја сака својата земја“ и ги пофали неговите напори за сузбивање на „нелегалната имиграција“.