Орбан со остри критики кон ЕУ: Бриселските бирократи ја уништија Европа

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини раководството на Европската унија за уништување на Европа, особено го критикуваше доделувањето пари за Украина и за преплавувањето на Европа со мигранти.

„Бриселските бирократи ја уништија Европа. Поради Брисел, европската економија полека тоне. Поради Брисел нашите пари се испраќаат во Украина за безизлезна војна. Поради Брисел Европа е преплавена со мигранти”, изјави Орбан на социјалната мрежа Х.

Според него, девет милиони мигранти пристигнале во Европа во последните девет години. Унгарскиот премиер потсети на американскиот финансиер милијардер Џорџ Сорос, кој, според Орбан, најавил „дека секоја година мора да се пропуштаат милион мигранти во Европа“.

„Инвазијата на мигрантите во Европа, размената на населението – ова не е теорија на заговор, туку самата практика. Време е да се бараат нови теории на заговор, бидејќи сите стари се остварија“, додаде Орбан.

Поврзани новости