662
Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има голема предност пред своите опозициски ривали, според првичните резултати од денешните избори.
Прелиминарните резултати по пребројани 23 отсто од гласовите на националните партиски листи покажаа дека Фидес има 60 отсто од гласовите, во споредба со 29 отсто за сојуз на шест опозициски партии.
Фидес има предност и во повеќето изборни единици каде што се избира еден пратеник, покажуваат првичните резултати.