Орбан: Се остварија нашите стравови, нема да дозволиме да најдат безбедно засолниште во Европа!

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати предупредување на социјалната мрежа Х.

„Предупредување! Нашите стравови се остварија: глобалистичко-либерално-соросовата мрежа на невладини организации бега во Брисел, откако претседателот Трамп им зададе огромен удар на нивните активности во САД. Сега 63 од нив бараат пари од Брисел, под превезот на разни проекти за човекови права. Нема да се случи тоа!

Нема да дозволиме да најдат безбедно засолниште во Европа! Досиејата на УСАИД ги открија мрачните практики на глобалистичката мрежа. Нема да ја преземеме мамката повторно“, напиша Орбан.“

Поврзани новости