443
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта се противи на намерата на Европската унија да испрати повеќе средства во Украина.
Орбан оцени дека барањето на Европската комисија Унгарија да додели дополнителни средства е „смешно“, додека на Будимпешта, како и Варшава, и се одбиени парите од фондовите на ЕУ за реконструкција, поради спор околу владеењето на правото.
Ние Унгарците нема да и дадеме повеќе пари на Украина додека не ни кажат каде отидоа околу 70 милијарди евра од средствата, рече Орбан, пренесува Ројтерс.