Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна на самитот на ЕУ со одлука да го попречи секој обид на колегите-лидери да започнат преговори за членство на Украина.
Пристигнувајќи на состанокот, Орбан им рече на новинарите дека Украина се уште не ги исполнува критериумите „засновани на заслуги“ за влез во ЕУ и дека за ова прашање не треба ниту да се разговара.
-Нема да се оддалечиме од ова – предупреди тој.
Од лидерите на ЕУ на состанокот се бара едногласно да одлучат дали ќе започнат пристапни преговори со Украина и за дополнителна финансиска помош за Киев во вредност до 50 милијарди евра (54,5 милијарди долари).
Како што пренесуваат странските агенции, Киев очајно се обидува да го подобри наративот откако претседателот Володимир Зеленски не успеа во Вашингтон да ги придобие републиканските пратеници кои ја блокираа поддршката од САД.