803
Неколку илјади Унгарци денеска излегоа на Парадата на гордоста во Будимпешта воедно да изразат и револт против новиот закон со кој се забранува промоција на било каков материјал за ЛГБТ на малолетници.
Во меѓувреме унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на неговата држава не и се потребни средства од посебниот фонд на ЕУ за помош во отстранувањето на последиците од пандемијата, доколку Будимпешта за тоа биде условена со повлекување на контроверзното законско решение за правата на децата.