Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува дека ќе стави вето на новиот седумгодишен буџет на Европската унија доколку Брисел не ги деблокира европските фондови за Унгарија.
Орбан ја упати заканата во интервју за унгарското државно радио. За одобрување на буџетот на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки.
-Можам со сигурност да кажам дека нема да придонесам за тоа – рече Орбан, додавајќи: „Доколку во новиот долгорочен буџет не се обезбедат средствата кои се уште и се блокирани на Унгарија“.
Орбан веќе неколку пати во минатото вршеше притисок врз Европската комисија со своите закани со вето.
Комисијата сè уште блокира речиси 12 милијарди евра средства наменети за Унгарија, како и милијарди евра помош во борбата против коронавирусот.
Брисел ќе ја укине блокадата само кога Унгарија ќе спроведе дополнителни реформи за зајакнување на владеењето на правото.
Преговорите за новиот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2035 година треба да започнат во средината на 2025 година.