Орбан на средба со Трамп:„Мораме заедно да ги браниме САД и Европа од либералите“

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на Флорида ќе се сретне со својот „добар пријател“ Доналд Трамп, пренесува АФП, додавајќи дека унгарскиот премиер е еден од ретките европски лидери кои посакуваат негова победа на претседателските избори во САД на крајот на годината.

Состанокот треба да се одржи во луксузната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго. АФП пишува дека Орбан се однесува како Трамп да е веќе во Белата куќа.

„Не треба да се коцкате, но обложувањето на враќањето на претседателот Доналд Трамп е единствениот разумен пристап за Унгарија“, рече Орбан на почетокот на неделата во говорот во унгарската трговска и индустриска комора.

Војната во Украина секако ќе биде една од темите на разговор за која има договор меѓу двајцата. Орбан е цврсто убеден дека Трамп може да стави крај на таа војна и да донесе мир во Европа.

„Се надеваме дека актуелниот претседател ќе замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да постигне мир (во Украина), рече Орбан на 23 февруари.

Трамп особено го фали Орбан како „голем лидер“ кој е подготвен да ја брани својата земја од илегалната миграција.

Орбан рече дека следните претседателски избори во САД оваа година и гласањето за Европскиот парламент во јуни ќе бидат клучни бидејќи конзервативците во Европа и САД мора да се борат заедно за „повторно освојување“ на институциите во Вашингтон и Брисел од либералите кои, како што рече, ја загрозуваат западната цивилизација.

Поврзани новости