Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго, а на средбата присуствуваа и идниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц и милијардерот Илон Маск.
„САД денес. Иднината започна! Попладне во Мар-а-Лаго со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Валц“, објави Орбан на платформата X, без да наведе повеќе детали.
USA today. The future has begun! 🇭🇺🇺🇸
An afternoon in Mar-a-Lago with @realDonaldTrump, @elonmusk and @michaelgwaltz. pic.twitter.com/xYs5q8fqGq— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 9, 2024
Орбан и Трамп се сретнаа и во јули и разговараа за „можностите за мир“ во Украина, објави претходно портпаролот на унгарскиот премиер. Транзицискиот тим на Трамп засега не објави ништо за оваа средба.
Неодамна Орбан изјави дека безбедносната ситуација во Европа мора да се реши кога ќе се заклучи прекинот на огнот во руско-украинската војна.
Во интервју за државната радио станица Кошут, Орбан рече дека Русија се променила, станувајќи „многу силна“ на позадината на војната, додека Украина станала „многу слаба“, пренесува МТИ.
Според него, европските армии се покажале како исклучително слаби.
„Немаме ни оружје, муниција или пари за војна со Русија. Сите знаци на европска слабост станаа видливи“, нагласи унгарскиот премиер.
Како што наведе тој, поради оваа причина, Европа мора да размисли за прегрупирање и изнаоѓање решение „што ќе ја гарантира нашата безбедност“ кога ќе се позиционира во однос на САД.
Тој додаде дека тоа подразбира „сложена и долга серија“ преговори и акции во следните година или две, наведува унгарската агенција.