676
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска беше во посета на Белград, каде што со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оценија дека нивните држави ја победиле и ја добиле првата битка со корона вирусот.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на прес-конференцијата изјави дека за време на епидемијата, сите се увериле дека ЕУ нема заедничка здравствена политика, но посочи дека очекува ЕУ да биде поуспешна во однос на ова прашање во втората фаза од борбата со епидемијата.
„Во првата фаза не можевме да сметаме на поддршка од ЕУ. Видовме дека сите членки на ЕУ се зафатени со своите проблеми и координацијата не функционираше. Во втората фаза очекуваме ЕУ да биде во подобра позиција и поуспешна во борбата против Ковид-19“,кажа Орбан.