761
Брисел го „зафркна“ снабдувањето со вакцини против корона вирус, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека неговата земја ќе биде „во голема неволја“ доколку самата не порача вакцини од исток.
Додека Израел е „речиси готов“ со вакцинирањето на своето население, а Велика Британија е на 30-40 проценти, во Европската унија, вакцинирани се просечно 6,8 проценти од населението, изјави Орбан за државното радио „Косут“.
– Тоа е јасен показател дека нешто не е во ред. И ова не е политичко прашање или обвинение или каква било антипатија кон бирократите на ЕУ или Брисел, туку факти. Така е како што е: тие зафркнаа, рече Орбан.