898
Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема да блокира ништо, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, говорејќи на украинско-унгарската граница.
– Унгарија јасно стави до знаење дека ги поддржуваме сите санкции, затоа нема да блокираме ништо. Она што ќе можат да го договорат премиерите на Европската унија, го прифаќаме и поддржуваме, изјави Орбан.
– Ова е време да бидеме обединети, ова е војна, рече тој, истакнувајќи дека напорите за мир се најважни.