Во двобројот на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со премиерот Христијан Мицкоски, кој одговара и на прашањето како гледа и што очекува од дипломатската офанзива на унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува меѓу Украина и Русија и да претстави мировен план, веројатно на линија со очекуваното доаѓање на Доналд Трамп во Белата куќа?
–Орбан има конзистентна и принципиелна политика. Прво, го интересира унгарскиот интерес и интересот на унгарските граѓани. И второ, континуирано испраќа порака за мир. Не се офанзивни или дефанзивни пораките, туку вели дека потребен е мир.
И, врз основа на тоа, како претседавач на ЕУ, се обидува да се факторизира и да се обиде да обезбеди услови за мир. Оттука, неговата позиција и акција ја гледам како принципиелна и во насока на неговите принципиелни позиции цело време.
Не знам дали претседателот Трамп има план, нема план, тоа треба да го покаже времето, доколку добие шанса да го имплементира тој план. Но, оваа акција на Орбан е во таа насока – вели Мицкоски во интервјуто.
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.