Орбан и честиташе на Алис Вајдел, но не и на германскиот победник на изборите Фридрих Мерц

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и честиташе на лидерката на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел по вчерашните избори во Германија, но не и на победникот и најверојатно следниот канцелар – лидерот на конзервативната опозиција Фридрих Мерц, јави ДПА.

АфД на Вајдел постигна голем успех и се најде на второто место на изборите, но остана цврсто зад централно-десничарската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Мерц и нивната сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).

-Огромен дел од германскиот народ гласаше за промени, напиша унгарскиот десничарски премиер на „Х“. „Сакам да и честитам на Алис Вајдел за удвојувањето на гласовите на АфД“, додаде тој.

Во 2021 година унгарската владејачка партија на Орбан, Фидес, ја напушти централно-десничарската група на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, во која конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ игра водечка улога, по конфликтите околу распаѓањето на демократијата и владеењето на правото во земјата.

Поврзани новости