Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа го критикуваше републиканскиот ривал Доналд Трамп за средбата со Виктор Орбан, велејќи дека унгарскиот премиер се обидува да воспостави диктатура. Орбан објави дека вчера на Флорида се сретнал со неговиот „добар пријател“ Доналд Трамп.
Унгарскиот премиер е еден од ретките лидери во Европа кои посакаа победа на републиканскиот кандидат на претседателските избори во ноември против демократот Бајден.
„Дали знаете со кого се среќава во Мар-а-Лаго денес?“, им рече Џозеф Бајден на приврзаниците на предизборниот митинг.
„Орбан од Унгарија, кој отворено кажа дека мисли дека демократијата не функционира и сака диктатура“, пренесува Index.hr.
Гледам иднина во која ја браниме демократијата, а не во која ја слабееме“, изјави 81-годишниот демократ, за кого оваа тема е една од главните во кампањата против Доналд Трамп.
It was a pleasure to visit President @realDonaldTrump today. We need leaders in the world who are respected and can bring peace. He is one of them! Come back and bring us peace, Mr. President! pic.twitter.com/rbCYvygzNy
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) March 9, 2024
Орбан синоќа на Фејсбук објави фотографија со поранешниот претседател со зборовите: „Направете ја Америка повторно голема“, што е слоган на кампањата на Трамп.
„Врати се и донесе ни мир претседателе“, објави Х на интернет со фотографија со Трамп.