Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.
„Мировна мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денеска во Мар-а-Лаго. Разговаравме како да стигнеме до мирот. Добра вест на денот: Тој ќе го реши тоа!“, објави Орбан на социјалната мрежа Х, со фотографија со Трамп.
Peace mission 5.0
It was an honour to visit President @realDonaldTrump at Mar-a-Lago today. We discussed ways to make #peace. The good news of the day: he’s going to solve it! pic.twitter.com/AiTRsdexM5— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) July 12, 2024
Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, а оттогаш Орбан отпатува во Киев, Москва и Пекинг, каде разговараше со Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинеските лидери, Си Џинпинг, како што тврди, за ставање крај на војна во Украина. После тоа, тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.
Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската унија, кои велат дека Орбан не се однесува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно дека не ја претставува ЕУ за време на разговорите со рускиот претседател Путин, кој пред две и пол години и нареди на руската армија да ја нападне Украина и ја предизвика најголемата војна во Европа од крајот на Втората светска војна.