Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четврт последователен мандат на власт.
– Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници] кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“.
– Левицата дома, меѓународната левица, бирократите во Брисел, парите од империјата на Сорос, меѓународните медиуми, па дури и украинскиот претседател, оцени Орбан.
Се чини дека тој алудира на критиките од Зеленски, кој го искористи неговото вечерно обраќање за да го прекори за поддршка за рускиот претседател Владимир Путин.
– Тој е практично единствениот во Европа кој отворено го поддржува господинот Путин, истакна Зеленски.
– Цела Европа се обидува да ја запре војната, да го врати мирот. Тогаш зошто официјална Будимпешта е опозиција на цела Европа, на сите цивилизирани земји? праша Зеленски.