504
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во јамата што самата ја ископала за Русија.
-Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога ги воведе. Смисливме план да им ископаме јама на Русите, а потоа паднавме во неа, изјави Орбан. Во интервју за унгарското радио Кошут Орбан кажа дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесе МТИ.
-Порано или подоцна, здравиот разум ќе надвладее, рече тот.