Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, зашто негативно влијае на конкурентноста на европската економија.

Орбан ова го изјави за унгарското јавно радио „Кошут“ дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти, особено американските фирми кои плаќаат значително пониски цени за енергија.

Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ, пренесува Ројтерс.

Орбан истакна дека Унгарија, која зависи од руските енергетски извори, не може да ја реши оваа ситуација без промени во политиката на санкции на ЕУ.

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Орбан стана еден од најгласните критичари на санкциите против Русија, како и на воената и финансиската поддршка што ЕУ и ја дава на Украина, пренесува Танјуг.

Поврзани новости