Орбан до лидерите на ЕУ: Одложете ја одлуката за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на Трамп

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари.

Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие ќе истечат на 31 јануари.

Тоа би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании, пишува Шпигел.

Меѓу оние од кои ЕУ санкционираше, поради рускиот напад врз Украина, се водечки руски политичари како претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и многу олигарси како Роман Абрамович.

Трамп постојано тврдеше дека може да стави крај на руската војна против Украина за краток временски период.

 

Поврзани новости