Орбан бара Унгарците да се спротивстават на Брисел како на СССР во 1956 година

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската Унија се обидува да ја собори неговата влада и да воспостави марионетски режим во таа централноевропска земја.

Тој го кажа ова во говорот во Будимпешта, по повод националниот празник во чест на вооружениот бунт против советската репресија во 1956 година, кој започна во главниот град и се прошири низ целата земја, пред да биде уништен од Црвената армија, пренесува АП.

„Независната унгарска политика е неприфатлива за Брисел. Затоа во Брисел најавија дека ќе се ослободат од унгарската национална влада. Тие, исто така, најавија дека сакаат да стават бриселска марионета на чело на оваа земја“, им рече тој на толпата.

Орбан ги повика Унгарците да продолжат да се спротивставуваат на волјата на Брисел и да дадат „јасен и недвосмислен“ одговор како во 1956 година.

Поврзани новости