433
Неизвесно е кога ќе продолжат преговорите во Брисел. Партиите се уште на излегле со сериозни предлози за тоа како да се надмине политичката криза. Европската унија е сериозно загрижена за состојбата во Македонија, порача евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав.
– Неопходно е да се создадат услови опозицијата да се врати во парламентот и таму да продолжи дебатата. ЕУ не може да им каже на партиите што да прават, за тоа треба сами да се договорат, а притоа мора да сфатат дека патот кон ЕУ за Македонија е поважен од нивниот партиски и политички рејтинг и да разберат дека не постојат совршени решенија. Компромисот не значи дека нешто не е добро – рече Орав.