Опцијата прифатлива за двете страни вклучува комплетно решение, рече Заев

by Fokus

Опцијата која е прифатлива за двете страни е комплетно решение, не се работи за парцијални делови, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната заедничка прес конференција со британската премиерка, Тереса Меј.

Како што рече Заев, опцијата за која разговарале со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги опфаќа името, јазикот и опсегот на употреба. Заев не смета дека претстои дестабилизација на регионот доколку не се постигне договор.

-Прашањето е повеќе од 25 години нерешно. Сигурно дека пријателството меѓу Македонија и Грција ќе расте, довербата е изградена и институциите соработуваат. Верувам дека можеме да најдеме решение. Опцијата е комплетно решение, не се работи за парцијални делови. Продолжуваме внатре во двете земји со консултации да видиме дали може да биде прифатливо за двете страни – рече Заев.

Поврзани новости