Општинските изборни комисии ќе добијат над два милиони денари

by Fokus

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои Предлог стратешкиот план за информатичка технологија, односно одлуките за доделување парични средства за општинските изборни комисии за организирање на локалните избори на 17 октомври годинава и за заштита од Ковид-19. Воедно, денеска членовите на ДИК, едногласно одлучија од утре да биде пуштена во употреба новата веб страна на Државната изборна комисија.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, во својот говор по однос на потребата за усвојување на Акцискиот план за ИКТ стратегијата на ДИК за периодот 2021-2024 година, истакна дека е најважно формирање на координативно тело за ИКТ стратегија и безбедносни прашања.

„Се предлага да бидат вклучени претставници од Министерството за внатрешни работи, од Секторот за сајбер криминал, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци, претставник од интернет сервис, раководителот на ИТ секторот на ДИК, претставник на ДИК од односи со јавноста, претставници од факултетите за компјутерски науки и независни експерти од областа, додаде Шеху.

На седницата ДИК исто така ја усвои Предлог одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за спроведување избори за членови на советите на општините, на советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје на 17 октомври годинава.

– Вкупниот износ што ќе им се додели на општинските изборни комисии е 2.335.000 денари. Износот ќе се дели врз основа на тоа колку избирачки места има. На Општинска изборна комисија Аеродром со 90 избирачки одбори ќе им бидат додели 40.000 денари, Арачиново со 13 избирачки одбори 13.000 денари, Берово 20.000 денари, Битола која има најмногу избирачки одбори, вкупно 170 ќе им доделиме 50.000 денари и т.н, рече Шеху. Исто така, во износ 585.000 денари ДИК издвои средства за заштита од Ковид-19.

Поврзани новости