Општинскиот комитет на ВМРО во Илинден се огради од градоначалникот Стојановски

by Фокус

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден се огради од дејствувањето на градоначалникот на оваа општина избран од редовите на ДПМНЕ, Жика Стојановски, кој, заедно со други партиски членови и некогашни функционери, побара вонреден конгрес за избор на ново партиско раководство.

„Општинскиот комитет ИЛИНДЕН на ВМРО ДПМНЕ во целост се оградува од постапките и делувањата на г-дин Жика Стојановски. Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме“,  велат од општинскиот комитет на ДПМНЕ во Илинден.

Од таму додаваат дека работат и функционираат согласно статут, деловник, програмски документи, како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата.

Поврзани новости