Општините во кои има најмногу заразени треба да се стават во карантин, тврди доктор Пановски

by Fokus

Бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час до 16 часот и сите седевме дома, а сега сите мерки се олабавени, тврди во изјава за „Фокус“, микробиологот Никола Пановски.

„Факт е дека имаме големи бројки и немаше потреба од такво нагло олабавување на мерките. Знам дека се спремаат за избори и дека полека се спрема терен, но тоа не е решение ако ти секојдневно имаш толку заразени и починати. Ако сакаме да бидеме како Шведска требаше од прв момент да не воведуваме никакви мерки и да си тераме така. А, не во еден момент на истите бројки некои имаа по два саати право да излезат, а сега се нормално функционира – истакна Пановски.

Во однос на делот, дека во последниот период во скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел има најмногу заболени, Пановски вели дека тогаш тие општини треба да се стават во карантин.

„Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин – додаде доктор Пановски.

И.М.

Поврзани новости