Општина Велес: 120.000 денари новогодишна донација наспроти 3,6 милиони за „Питијада“

by fokus

Општина Велес: 120.000 ДЕНАРИ НОВОГОДИШНА ДОНАЦИЈА НАСПРОТИ 3,6 МИЛОНИ ЗА ,,ПИТИЈАДА,,

По повод Новогодишните празници Општина Велес ќе донира пакети со храна, хигиенски средства, или пак огревно дрво на дваесеттина загрозени семејства. Со сто и дваесет илјади денари од буџетот, ќе бидат потпомогнати велешките семејства кои што општината планирала да ги најде преку Центарот за социјална работа. Ова го изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Веднаш по неговата изјава, на социјалните мрежи започнаа да кружат пораки со пофалби за велешани, но и апели до другите општини да бидат хумани, и наместо новогодишен дочек, да ги донираат планираните средства на болни луѓе, или пак на сиромашни семејства.

Околу пишувањата дека Велес се откажал од организиран дочек на Новата година во центарот на градот, и ја покажал својата хуманост, вистината е дека со години наназад градот и немал официјален дочек. Уште пред неколку години, градоначалникот Чадиев ни откри дека во Велес нема Новогодишна програма во центарот на градот со музички гости, бидејќи како главна манифестација на градот е „Питијадата“ за која што се одвојуваат високи финансиски средства.

Годинава, општината одвои 3,6 милиони денари, а пак музичките гости Жељко Јоксимовиќ и „Ван Гог“биле платени од спонзори. Во изминатите години на питијадата гостуваа и „Парни ваљак“, „Црвена јабука“, „Прљаво казалиште“ и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости