Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ сече, лепи и монтира фотографии со купишта ѓубре од безидејност

by fokus

Општина Центар реагира на фотографиите кои ги испрати ВМРО-ДПМНЕ до медиумите, а за кои велат дека во Центар има купишта ѓубре.

„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар е се уште во шок од катастрофалните порази кои ги доживеаја на парламентарните и локалните избори. Во безидејност продуцираат лажни информации и монтираат фотографии. Вчерашното соопштение за чистотата во Центар во кое немајќи што да напишат, дезинформираат за  купишта ѓубре, кучиња скитници, добиток, дупки по улиците. Една од фотографиите која е испратена до медиумите за да покажат наводно шокантни слики за нечистотијата е извадена од некоја од архивите на ВМРО-ДПМНЕ. Господа од ИК на ВМРО-ДПМНЕ сега е пролет, дрвјата се раззеленети, а на сликата се гледаат голи дрвја сликани во доцна есен. Вакво сечење, лепење и монтирање на вистината не е дозволиво за една партија која сака да се претстави како сериозна опозиција“, велат од општината.

Од таму реагираат дека ако членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се нови, требало да се потрудат и да видат чија надлежност се раоботите за кои ги испратиле како што наведуваат, монтираните фотографии.

„Општина Центар, и покрај тоа што нема таква обврска, во интерес на граѓаните, започнува со вонредно чистење на територијата на општината. Проблемот со кучињата е реален, но тој треба да се решава координирано со другите општини и со Град Скопје, бидејќи кучињата кои се денес во Центар, утре ќе се префрлат во друга општина. Општина Центар, за решавање на овој проблем, обезбеди средства во Буџетот за 2018 за изградба на прифатилиште за кучиња скитници  и тоа ќе биде реализирано. Во тек е изработка на проекти за зазеленување на Центар, бидејќи една од заложбите на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ е да обезбеди чиста и здрава животна средина за живеење. Граѓаните имаат право на чиста средина, центарци заслужуваат и ќе живеат во модерна и урбана општина“, велат од Центар.

Поврзани новости