Општина Центар следната година ќе формира претпријатие за производство на електрична енергија

by Fokus

Општина Центар следната година планира да формира претпријатие за производство на електрична енергија за потребите на основните училишта и за други објекти во општината. Одлуката денеска ја презентирал градоначалникот Горан Герамовски на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт”, Mеѓународниот центар „Олоф Палме” и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

– Преку новото јавно претпријатие ќе започнеме со поставување на фотоволтаици за почеток на основните училишта, а потоа и на другите објекти кои се во надлежност на општината. Со работата на јавното претпријатие и поставувањето на фотоволтаиците на основните училишта, значително ќе заштедиме на сметки за топлинска и електрична енергија, посочил Герасимовски.

Иницијативата за основање на општинско јавно претпријатие за производство на електрична енергија, како што информираат од општината, донесена е едногласно од страна на советниците на 14-тата седница. На последната, 16-та седница на Советот на Општина Центар, советниците ги изгласале и планот и програмите за развој на Општина Центар за периодот од 2023-та до 2025-та година, во која е содржан и проектот за поставување на фотоволтаици на основните училишта.

Поврзани новости